Хроника

Со нож ограбил обложувалница, уапсен при обид за бегство од земјата

По преземените оперативни мерки и активности, осомничениот бил пронајден и приведен на скопскиот аеродром

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин на Меѓународниот аеродром Скопје вчера  претпладне го лишиле од слобода 26-годишниот Р.З. од Тетово, осомничен за разбојништво.

Тој се сомничи дека во текот на претходната ноќ извршил разбојништво во спортска обложувалница во Тетово.

Случајот бил пријавен во 02:00 часот во СВР Тетово од 38-годишен вработен во објектот, кој навел дека непознато лице со закана со остар предмет одзело пари од дневниот промет.

По преземените оперативни мерки и активности, осомничениот бил пронајден и приведен на скопскиот аеродром.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести од: Хроника

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top