Македонија

Кабинетот на Сиљановска објави јавен повик за волонтери во Народната канцеларија

Рокот за пријавување почнува од денеска и ќе трае 5 дена

Кабинетот на претседателката на Гордана Сиљановска-Давкова, објави јавен повик за пријавување на кандидати за волонтирање во Народната канцеларија на Претседателката.

Повикот е согласно член 4 од Програмата за волонтирање за 2026 година и предвидува ангажирање на 10 волонтери за извршување на активности утврдени во член 3 од Законот за волонтерство.

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија и мотивационо писмо до архивата на Кабинетот на Претседателот или по пошта на адреса: Кабинет на Претседателот на Република Македонија, ул. „Ацо Караманов“ бр. 33А, 1000 Скопје, со назнака „за јавен повик за волонтери“.

Рокот за пријавување е пет работни дена од објавувањето на повикот на веб-страницата на Претседателот, односно најдоцна до 17.06.2026 година во 15:00 часот.

Селекцијата ќе ја врши Комисија за избор на волонтери во Кабинетот, а избраните кандидати ќе бидат контактирани. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат разгледувани.

Волонтерскиот ангажман се заснова на договор со траење до шест месеци, при што по завршувањето на периодот Кабинетот нема обврска за вработување на волонтерите.

Волонтерите имаат право на надоместок за трошоци за храна и превоз до и од местото на волонтирање, во висина до 15% од просечната месечна плата исплатена во државата за претходната година.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

To top