Македонија

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите поврзани со историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

„Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме нивните позиции. Да, еве јас за почеток за да има дадам шанса на преговорите, на разговорите и на дијалогот за да останам на монолог, само ќе кажам дека едно на обајцата ни стана јасно: не се во прашање само уставните измени туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на исторската комисија. Толку можам засега да кажам“, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Македонската делегација предводена од претседателката, како што кажа таа, ги изложила нашите позиции и видувања и особено ја потенцирала обврската на сите членки на Советот на Европа, кои се и членки на ЕУ да ги почитуваат пресудите на Судот во Стразбур бидејќи пресудите важат за сите и сите членки на Советот на Европа имаат судии во Судот во Стразбур.

Сиљановска Давкова рече дека исто така било посочено оти претставници на двете земји треба почесто да се среќаваат и да разговараат, колку тоа и некогаш да изгледа дека нема да вложи со резултат.

По завршувањето на официјалната прес-конференција и предавањето на претседавањето од Бугарија на Романија, бугарските медиуми побараа изјава од македонската претседателка. Сиљановска Давкова на нивните бројни прашања поврзани со уставните измени одговараше на англиски јазик објаснувајќи дека таа не е монарх да одлучува за тоа, но исто така укажа на уставните заложби за почитување на човековите права, што не е случај во Бугарија.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

Клековски: Во Гостивар забележани 109 нови случаи поврзани со епидемијата

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања.

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ставот на бугарската страна е поинаков, поради егзибициите на претходната влада на СДСМ-ДУИ

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

To top