Свет

Трамп: „Насилникот од Блискиот Исток е мртов“!!!

Американската војска започна напади врз цели во Иран, соопшти денеска Централната команда на САД (CENTCOM)

 

Трамп во интервју за Фокс њуз тврдеше дека разговарал директно со иранските претставници по последниот бран воздушни напади и дека тие лично го замолија да престане со бомбардирањето на Иран.

„Нападите наскоро ќе престанат“, рече Трамп, но веднаш упати строго предупредување до Техеран дека нападите би можеле да продолжат доколку не се постигне конечен договор. Американскиот претседател додаде дека однапред го предупредил Иран за оваа акција, кажувајќи им дека нивните позиции ќе бидат погодени „екстремно силно“.

Реакцијата од иранската страна дојде невообичаено брзо. Иранските државни медиуми веднаш објавија изјава на висок владин претставник таму, кој остро негираше какви било разговори со Белата куќа.

„Не разговаравме со Трамп. Тоа е лажно тврдење кое служи само како покритие за американските напади“, рече висок ирански функционер.

Трамп го критикуваше Иран, дека предолго чекал  за договор и дека „сега ќе ја плати цената“ за тоа.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ги повтори тврдењата дека иранската војска е „целосен и апсолутен хаос“ и тврдеше дека иранската морнарица и воздухопловните сили „практично повеќе не постојат“.

„Тие се целосно поразени. Иран е само разговор без акција. Насилникот од Блискиот Исток е МРТВ!!!“, напиша Трамп.

Тој додаде дека Иран „предолго одложувал“ во постигнувањето договор кој, според него, би бил поволен за нив и рече:

„Сега ќе мора да ја платат цената!!!“, без да даде дополнителни детали.

Американската војска започна напади врз цели во Иран, соопшти денеска Централната команда на САД (CENTCOM), цитирана од АП.

„Силите на Централната команда на САД започнаа дополнителни напади врз цели за самоодбрана на неколку цели во Иран по инструкции на врховниот командант“, се вели во соопштението.

„Овие напади се одговор на неоправданата и континуирана агресија на Иран“, нагласи командата.

Полуофицијалната иранска новинска агенција Мехр објави дека избувнале судири на море меѓу иранските и американските сили, поради нови извештаи за експлозии.

„… се случуваат судири меѓу иранските вооружени сили и американскиот воен персонал во водите на Персискиот Залив и Оманското Море“, објави новинската агенција.

Таа, исто така, објави за експлозии во иранските градови.

 

 

Најнови вести од: Свет

Хаотичниот систем за влез / излез во Европа може да потрае и до две години и да ги измачува патниците!

Два месеци по лансирањето на новите биометриски гранични проверки во Европа, долгите редици и недоследните процедури продолжуваат да ги фрустрираат патниците. Функционер на Фронтекс предупредува дека проблематичниот систем за влез/излез може да потрае до две години за целосно да се стабилизира, перспектива што туристичката индустрија ја нарече „многу болна“, објави „Еуроњуз“.Фронтекс, агенцијата која помага во управувањето со надворешните граници на ЕУ, призна дека собирањето биометриски податоци е едно од главните проблеми што предизвикуваат проблеми во почетната фаза на шемата.

To top