Македонија

Започна првиот уписен рок за средно образование

Од Министерството за образование и наука апелираат до учениците и родителите навремено да го завршат процесот на пријавување и доставување на документацијата, за да се избегнат непотребни застои и компликации.

Со завршувањето на наставата денеска, официјално започна и првиот уписен рок за запишување во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.

Полуматурантите ќе можат да се пријават електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, користејќи ги своите кориснички сметки од schools.mk, по што ќе треба да ја достават потребната документација во средните училишта во кои конкурираат.

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука:

  • Првото електронско пријавување во јунскиот уписен рок ќе трае од 12 јуни (00:00) до 15 јуни (23:59).
  • Второто пријавување е предвидено за 23 јуни.
  • Во августовскиот уписен рок ќе има едно електронско пријавување – на 20 август.

За претстојната учебна година се обезбедени над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта низ државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското образование и 570 во уметничките училишта.

Од Министерството за образование и наука апелираат до учениците и родителите навремено да го завршат процесот на пријавување и доставување на документацијата, за да се избегнат непотребни застои и компликации.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: По уставните измени би следеле национални и идентитетски отстапки, редефинирање на историјата и негирање на јазикот!

„Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче. Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДС и ДУИ.“ – истакнува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски

Мицкоски ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, кој денеска со владина делегација е во работна посета на Турција на бизнис-форум во Истанбул, ги повика турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија.

Николоски од Истанбул: Нови инвестиции и посилна соработка со Турција

Зголемувањето на економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите што вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ги оствари со турските министри за трговија и транспорт во рамките на Македонско-турскиот бизнис форум во Истанбул.

To top