Македонија

Калоѓера: Лично, никогаш не би дозволил Бугарите да влезат во македонскиот устав

Хрватскиот македонист и член на МАНУ надвор од работниот состав категорично против уставните измени со кои условува Софија

Хрватскиот славист и македонист Горан Калоѓера, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав, со низа причини зошто лично тој никогаш не би дозволил впишување Бугари во Уставот на Република Македонија, како што бара Софија за откочување на македонската евроинтеграција запрена токму со нејзиното вето.

„Можеби ќе се јавев порано, но какофонијата што ја слушам и читам, а која доаѓа од македонските политички и други кругови, во врска со бугарските тенденции во однос оспорувањето на влезот на Македонија во ЕУ, едноставно ме блокира. Кому да верувам, се прашувам себеси и на крајот заклучувам – на самиот себеси и на своето четириесетгодишно искуство и знаење што ги имам за Македонија.

Лично, никогаш не би дозволил Бугарите да влезат во македонскиот устав. Постојат многу причини, во ред, можеме да гледаме кон иднината, но не според бугарското мислење и диктатите на ЕУ. Не би им дозволил влез уште од моментот кога Чолаков, на барање на Штросмаер, ги вметна тие четириесетина песни во Зборникот на браќата Миладиновци, што им даде можност на бугарските научници да го оспорат македонското извориште на Зборникот. Не би им дозволил поради обидите за асимилација на Македонците со помош на бугарската црква, да се откажат од своето потекло и да станат Бугари. Не би им дозволил поради предавството на Илинденското востание, не би им дозволил поради дивеењето на Тодор Александров кој сееше смрт низ цела Македонија, не би им дозволил поради потиснувањето на списанијата со македонска ориентација во Софија и убиството на низа македонски интелектуалци, на пример, Коле Неделковски и голем број други, не би им дозволил поради учеството во Втората светска војна на страната на фашистичка Германија и теророт врз Македонците, не би им дозволил поради зачестеното опструирање на македонското национално битие, на неговиот јазик и култура. Не би.

Но, јас тука не можам ништо, ова е само поглед отстрана на пријател кому му значи Македонија да остане Македонија“, објави на Фејсбук поранешниот почесен конзул на Македонија во Риека.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова за МИА: Нема друга евроинтеграција во која опозицијата не била на иста линија за националните интереси

Не постои евроинтеграциски процес во којшто сите граѓани во една држава, без оглед на етничка, верска, односно партиска припадност, не зборувале во еден глас кога се однесувало на националните интереси

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

Речиси 40 милиони евра за вработување на младите

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека за Оперативниот план за вработување во 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра, при што речиси 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка.

To top