Македонија

По свежото утро, претежно сончево и топло време во текот на денот

Утрово го обележаа температури и до 6 степени во Берово и во Лазарополе, а максималната ќе достигне 33

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска во Македонија предвидува претежно сончево време, со мала локална облачност и со температури кои ќе достигнат до 33 Целзиусови степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје и околината ќе преовладува сончево време, со мала облачност и со слаб променлив ветер. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 32 степени.

Спротивно оваа најава, утрото донесе релативно свежо време, на места со едноцифрени температури низ државата, кои се движеа од 6 степени во Берово и Лазарополе, 8 во Крива Паланка, до 14 во Гевгелија.

Најнови вести од: Македонија

Не сите во Софија се радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top