Македонија

(Видео): Дата-центрите се иднината – Македонија нема да остане настрана од светските текови

Мицкоски потсети дека големи инвестиции во дата центри веќе се реализираат во Франција, Хрватска и САД, додавајќи дека Македонија има можност да стане дел од современата технолошка економија. Тој порача дека Владата ќе продолжи да работи на привлекување вакви инвестиции, а конечниот суд за политиките, како што нагласи, ќе го дадат граѓаните на избори.

Владата нема да се откаже од плановите за привлекување инвестиции во дата-центри и покрај критиките што се појавија во јавноста, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој оцени декамал број поединци се обидуваат на социјалните мрежи да создадат хистерија околу проектите што, според него, треба да донесат нова вредност, нови работни места и технолошки развој.

  • Се обидуваме да ја развиваме државата, да создаваме нова вредност и нема да се повлечеме поради малкумина кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот – рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека дата-центрите се основата врз која се развива вештачката интелигенција и дека светските економии веќе вложуваат огромни средства во овој сектор. Како пример ја посочи Франција, која во последните години инвестира милијарди евра во вештачка интелигенција и податочни центри, додека САД својот економски раст сè повеќе го темелат токму на современите технологии.

Според Мицкоски, Македонија веќе добила десетици писма со намери од компании заинтересирани за вакви инвестиции, а паралелно се подготвуваат и законски измени што треба да ја регулираат оваа област. Тој уверува дека критериумите за ваквите проекти ќе бидат строги и усогласени со најдобрите светски практики.

  • Ќе застанам зад секој проект, не за еден мегават, не за пет, туку и за сто и повеќе мегавати, кога ќе бидат исполнети сите законски и технички услови – истакна премиерот.

Мицкоски порача дека државата нема да се откаже од современата технолошка економија и дека токму преку вакви инвестиции гледа можност за отворање добро платени работни места и задржување на младите во земјата.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Нема рок кога ќе се врати водата за пиење во Гостивар

„Сакаме да бидеме максимално сигурни , значи се следат пробите, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби, кога повеќе од нив ќе бидат соодветни, ќе може да се користи водоводот., вели министерот за здравство

To top