Македонија

Се трага по лице, кое денес опожарило две возила близу амбасадата на Бугарија

Припадници на Министерството за внатрешни работи се во активна потрага по непознатиот напаѓач, кој денеска среде бел ден подметнал пожар на возила на бугарската амбасада во центарот на Скопје. Сѐ уште непознатиот млад човек полил и запалил едно возило „сузуки витара“, а пожарот го зафатил и соседното возило, сопственост на амбасадата на Бугарија во Македонија, по што се дал во бегство.

Огнот бил за кратко време изгаснат од вработените во обезбедувањето на Амбасадата.


Силни полициски екипи го обезбедуваат просторот околу бугарската амбасада во центарот на Скопје, додека други полициски единици и безбедносни органи се во потера по подметнувачот на пожарот.

Засега нема дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи. 

Најнови вести од: Македонија

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува

To top