Македонија

Владата одобри: Итната медицинска помош добива посебен центар

Од Министерството за здравство информираат дека во првата фаза е предвидено издвојување на Итната медицинска помош – Скопје како самостојна институција, по што постепено ќе следува интегрирање на другите служби во рамките на идниот центар.

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош во Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итна медицинска помош, скратување на времето на интервенција и подобрување на капацитетите за спасување човечки животи.

Министерот за здравство, Азир Алиу, посочи дека одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната самостојност на службата.

„Со формирањето самостоен центар за итна медицинска помош ќе се овозможи поефикасно управување со ресурсите, посебно буџетско планирање, побрзо донесување одлуки и подобрување на одговорот на итните повици. Реформата не претставува создавање нов систем, туку институционално зајакнување и модернизација на постојната организација“, рече Алиу.

Од Министерството за здравство информираат дека во првата фаза е предвидено издвојување на Итната медицинска помош – Скопје како самостојна институција, по што постепено ќе следува интегрирање на другите служби во рамките на идниот центар.

Реформата се темели на позитивните искуства од земјите во регионот, каде итната медицинска помош е организирана како самостојна институционална структура, што овозможува подобра координација на тимовите, поефикасно користење на ресурсите и воспоставување единствени стандарди за работа.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

To top