Македонија

Почина уште едно обвинето лице за трагедијата во Кочани

Грнчиштанов од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршуваше функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во ДПИ

Почина Љупчо Грнчиштанов (54) – главен инспектор во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Toj беше еден од обвинетите во судскиот предмет за пожарот во „Пулс“.

Грнчиштанов од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршуваше функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во ДПИ.

Тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, а помина 77 дена во ефективен притвор, по што 14 месеци беше во куќен притвор.

„Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција“ информираа кратко од ОЈО.

Ова е втор случај во кој лице поврзано со постапките за трагедијата во Кочани починува додека траат истрагите.

Претходно почина и Владо Петров, пензиониран полициски службеник и еден од осомничените во истрагата поврзана со пожарот во „Пулс“.

Најнови вести од: Македонија

Казината подалеку од училиштата – Законот за игри на среќа на јавна дебата во Собрание

Предлог законот предвидува во иднина казината да не смеат да бидат лоцирани во близина од најмалку 500 метри до училиштата, како и забрани за нивно рекламирање особено дека со нив се постигнува финансиски успех или пак кое е посебно насочено кон малолетни лица да се вклучат во игрите на среќа.

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел.

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер […]

Одземено „порше“ – приведен возач од Србија, кој управувал со 188 километри на час

Полициски службеници синоќа го привеле Б. С. (30) од Република Србија бидејќи со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“, со српски регистарски ознаки, управувано од Б. С. (30). По извршеното мерење, […]

To top