Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го совлада „фенерџијата“ Косово со максимални 3:0 во Приштина во петтото коло од Европската лига.
Избраниците на селекторот Јошко Миленковски беа супериорни во првитре два сета, добивајќи ги со 25-12 и 25-19, а во третиот се вратија по -6 и подоцна спасија сет-топка за домаќинот при негово водство од 24-23, пред да го освојат последниот период од играта со 27-25.
Капитенот Никола Ѓорѓиев беше најдобар поединец на средбата со 15 поени, Кристијан Илиев запиша 11, вклучувајќи два аса, а Филип Савовски се издвои со три блокади.
Со третата победа, по тие над Луксембург и Исланд, досега во годинашното издание на ова натпреварување „црвено-жолтите“ се искачија на 15. место на вкупната тебала меѓу 27 селекции, со 9 бода и сет-колични 9-7.
Утре од 20 часот најдобрите македонски одбојкари ќе ги одмерат силите со Израел, кој е шести со максимални четири победи.