Во напис со наслов ,,САМОПОНИЖУВАЊЕ”, професорот Љубомир Цуцуловски прави анализа на бугарското самопонижување додека се обидува да ги навреди Македонцитедека се Бугари.
,,Има нешто длабоко самопотценувачко, па дури и самопонижувачко во бугарската теза дека Македонците настанале од бугарската нација после 1945 година со некаков акт, односно одлука на Сталин, Коминтерната, Тито и Георги Димитров. Велам дека оваа теза е самопонижувачка и самопотценувачка за самите Бугари”, смета Цуцуловски кој вели дека е логично веднаш може да се постави логичното прашање кое открива дека Бугарите не се многу сериозен народ.
,,Каков народ е тој ако некој (Сталин, Тито, Димитров…) преку ноќ може од него да направи Македонци, без глас да пушти или сериозно и масовно да се спротивстави на таквиот акт, особено ако притоа му се одзема дури и јазикот. Понатаму, ако навистина е така, утре некој може од таа нација да направи Гагаузи, Тераканци, Вераканци, Мераконци или некоја непостоечка нација, онака како што ќе му се посака”, вели Цуцуловски кој забележува дека затоа, оваа теза не е толку навредлива за Македонците, туку многу повеќе за Бугарите, бидејќи, според неа, од таа нација може сѐ да се направи.
,,Односно, дека е лесно топлива и еластична налик на пластелин. Оттука, кога нешто се тврди, треба, со сета сериозност, да се има предвид што тоа тврдење содржи/имплицира во себе и тоа токму за оној кој тврди”, заклучува професорот Цуцуловски.
Фото илустрација