Македонија

„Срамно“: Пендиков за ослободувањето на двајцата обвинети дека го претепале

Прва реакција на секретарот на избришаното здружение на Бугарите „Цар Борис Трети“ по одлуката на Основниот суд во Охрид

Христијан Пендиков со прва реакција по ослободителната пресуда од Основниот суд во Охрид за Борче Ангелов и Илија Спасески за наводниот физички напад врз него, случај што ги вжешки македонско-бугарските односи пред три години.

„Ова е срамно, безобразно. Денешниот ден повторно покажа дека насилството врз Бугарите или луѓето кои се дефинираат како Бугари во Република Северна Македонија останува неказнето“, изјави за БТВ секретарот на здружението на Бугарите „Цар Борис Трети“ во Охрид, подоцна избришано од Централниот регистар.

„Закрепнав. Не целосно. Сепак, овие повреди – некои од нив никогаш не можат целосно да заздрават. Имам метали во мене. Ова е за мојата физичка и ментална состојба. Продолжуваат притисокот и заканите врз мене, притисокот врз моето семејство, за да избегаме од оваа држава“, додаде тој.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

To top