Свет

Вонредна состојба во Лос Анџелес

Со прогласувањето на вонредната состојба ќе се обезбеди градот да ги има потребните ресурси

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, вчера прогласи вонредна состојба за градот да ги добие потребните ресурси за справување со големиот пожар во магацин, од кој во воздухот се издигнаа големи облаци чад, објави „Си-ен-ен“.

„Градот и округот отворија простори за семејствата што бараат засолниште од чадот, а ние ќе продолжиме да работиме деноноќно и ќе направиме сè што е можно за целосно да го изгаснеме пожарот“, изјави Бас во соопштението со кое беше најавено прогласувањето вонредна состојба.

Со прогласувањето на вонредната состојба ќе се обезбеди градот да ги има потребните ресурси.

 

Пожарот избувна во средата попладне во магацин за замрзната храна со површина од 46.400 квадратни метри.

Според надлежните, гаснењето било отежнато поради запалена изолациска пена, сомнежи за истекување амонијак и поради топење на соларни панели.

Најнови вести од: Свет

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност

To top