Македонија

Мицкоски: Соседна држава шири теза за запирање на европските фондови со цел да банкротираме и да прифатиме сè што се бара од нас

Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза и додаде дека сознанијата доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница рече дека според сознанијата кои ги има, наша соседна држава шири тези и лобира Европската Унија да не ѝ помага финансиски на земјава, да ѝ ги скрати сите фондови за да не може да напредува, да дојде пред банкрот и да биде принудена да го реализира она што се бара од неа. Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза. Вакивите сознанија, како што рече, доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

  • „Соседна држава шири информација ЕУ да не ѝ помага финансиски на Македонија, да ѝ се скратат сите фондови, зашто ако ЕУ ѝ помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ-фондови за земјава, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа што се бара од неа“, изјави премиерот на денешната седница за пратенички прашања во Собранието.

Тезата дека Македонија е пред банкрот, додава Мицкоски, ја шири опозицијата во земјава.

  • „А, фактот е дека оваа влада ги сервисира сите обврски преземени од претходната влада. Не се чека ни ден, ни милиметар во која било област, дали е тоа Министерството за внатрешни работи, дали е тоа во одбраната или е тоа по некоја основа во другите ресори. Во Министерството за транспорт сега ги префрливме проектот за Коридорот 8 и 10-д, во Јавното претпријатие за државни патишта – железницата од Коридорот 8 итн. Вклучително и оние обврски како солидарниот данок, обврски што беа од претходната влада на начин на којшто јавноста следеше, практично се одземаа пари од компаниите, иако тврдевме дека е неуставно, и тоа ние го враќаме“, рече Мицкоски во одговор на прашање од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај ваквите пораки и лобирања на штета на државата, Мицкоски вели дека реформите и европската агенда ќе продолжат да се реализираат со забрзано темпо, а дека замјава ќе биде прва во испораката на реформите.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 јули строги правила за влез во ЕУ за комбиња и лесни камиони

Европските институции очекуваат новите мерки да придонесат за поефикасен надзор врз меѓународниот транспорт, подобра контрола на движењето на возилата и построго почитување на правилата за работното време на возачите.

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

To top