Спорт

Ѓорческа утре ќе ја добие ривалката на главниот турнир во Вимблдон

Ждрепката е во 11 ч., а Ѓорческа е една од шеснаесетте квалификантки меѓу 128. учеснички на неофицијалното СП во тенис

Додека Македонија го слави својот прв претставник во главниот турнир на тениски гренслем, Лина Ѓорческа со нетрпение ја очекува својата противничка на стартот во Вимблдон, за кој ждрепката ќе се одржи утре во 11 часот по средноевропско време.

Македонската тениска хероина, која ѝ препушти само три гема на 20. носителка Лучија Бронѕети од Италија во денешното трето и последно коло од квалификациите, е една од шеснаесетте квалификантки во ростерот од 128 тенисерки на главниот турнир.

Прва фаворитка меѓу 32. носителки ќе биде Арина Сабаленка од Белорусија, пред Елена Рибакина од Казахстан, а трета носителка ќе биде бранителката на трофејот Ига Швјонтек од Полска.

По четири години на неофицијалното светско првенство во тенис се враќа седумкратната освојувачка Серена Вилијамс од САД со вајлд-карта од организаторот.

Главниот турнир меѓу дамите почнува в понеделник.

Најнови вести од: Спорт

To top