Македонија

Ohrid Wine Festival Vol. 5 започна со одлична атмосфера и бројни посетители

Три дена уживање во Охрид со добра музика

default

Првата вечер од Ohrid Wine Festival Vol. 5 помина со голема посетеност, одлична атмосфера и бројна публика на Кеј Македонија во Охрид. Настанот, кој започна вчера и ќе трае до 27 јуни, уште од првата вечер го привлече вниманието на охриѓани, туристите и посетителите кои уживаа во македонско вино, музика, гастро понуда и летно дружење покрај езерото. Кеј Македонија беше исполнет со посетители кои имаа можност да дегустираат исклучиво македонски вина од домашни винарии и производители, со што фестивалот уште еднаш ја стави во фокус домашната винска приказна.

Покрај винската понуда, публиката уживаше и во музичката програма, која првата вечер ја одбележаа настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија. Ohrid Wine Festival Vol. 5 продолжува и вечерва, со нова програма и уште една можност за посетителите да бидат дел од фестивалската атмосфера на отворено. Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, а музичката програма стартува во 20:00 часот со настапот на Брос Марама.

Во 21:30 часот ќе настапат Ѓоко Ѓорчев со Кате Танева, во 23:00 часот Куку Леле, додека во 00:15 часот програмата продолжува со Пауза за ракија. Фестивалот и годинава има за цел да ги поврзе македонското вино, домашната музичка сцена, гастро понудата и летната енергија на Охрид. Во следните две вечери, Кеј Македонија останува место за дегустација, дружење, музика и раздвижена летна атмосфера покрај езерото. Ohrid Wine Festival Vol. 5 продолжува до 27 јуни на Кеј Македонија во Охрид.

Завршната вечер ќе ја одбележат Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолски камерен оркестар и Суперхикс.

default

Најнови вести од: Македонија

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите низ Македонија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

Сторители на тешки кривични дела ги изиграле системот и судовите и со коруптивни лажни вештачења за нарушено здравје сместени во психијатриски установи!

Националниот превентивен механизам (НПМ) при Народниот правобранител, при контролата на психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025, затекнал 20-ина осуденици сторители на кривични дела кои не се со психичка болест, туку се здрави и пресметливи, но го изиграле системот и судовите преку коруптивни вештачења за нивно наводно нарушено здравје.

Македонија доби пристап до 4,4 милијарди евра од здравствените фондови на ЕУ – можност за приближување до европските стандарди и политики.

Македонија доби пристап до фондовите за здравство од 4,4 милијарди евра на Европската Унија (ЕУ). Министерот за здравство, Азир Алиу денеска кажа дека потпишувањето на Договорот за учество на Македонија во програмата „ЕУ фор хелт“ (EU4Health) е значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики. Програмата отвора можности за развој на проекти во областа на дигитално здравство, превенција и рана детекција на болести, скрининг-програмите, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за здравствени кризи, пристапот до лекови и медицински производи, како и за јакнење на здравствениот кадар.

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава

Премиерот Мицкоски посочи дека бугарските политичари не се откажуваат од Протоколите 1 и 2, каде се охрабрува работата на историската комисија до влезот на Македонија во Европската Унија. Тој потсети на говорот на сегашниот бугарски премиер од 2019 година во Санкт Петербург каде тој си ги присвојува Кирил и Методиј и кажува дека вечно ќе ја слават Санстефанска Бугарија.

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност

Од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче, не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, која е скандалозна по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција

Најнови вести

To top