Хроника

Примила поткуп од студент за да положи испит

Студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит.

– Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т.А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026, К.Б., на возраст од 26 години од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит што дополнително ќе го полагал на 29.06.2026 – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Преземени биле мерки во координација со Основното јавно обвинителство – Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра. Како што информираа од МВР, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите.

– Таа е задржана во полициска станица, парите се одземени и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од МВР.

Најнови вести од: Хроника

Од Македонија преку Бугарија до Грција: 324 килограми марихуана сокриени во хартија, осомничениот е во притвор

Македонскиот јавен обвинител проценил дека осомничениот може да избега доколку се брани од слобода, да влијае врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело. Поради тоа, до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје бил доставен предлог за притвор. Судијата го прифатил предлогот и му определил 30 дена притвор. 

Полициска акција на Македонија, Косово и Грција: разбиена криминална група, запленети 300 килограми марихуана

Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана.

To top