Македонија

Жерновски од петти пат погоди дали СДСМ (не) го избришал македонскиот идентитет

Човекот што сака да биде иден министер за надворешни работи а не знае што значи НАТО, или мисли дека СДСМ го избришал македонскиот идентитет или има проблем со политичката логика и со македонскиот јазик

На екс лидерот на ЛДП кој сега е секретар за меѓународна соработка на СДСМ му беа потребни пет обиди за да напише што точно мисли за тоа дека неговата сегашна партија го избришала македонскиот идентитет.

Во обид да ги нападна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, Жерновски пишува еден конфузен и неписмен статус на фејсбук но пострашно е што кандидатот за иден шеф на дипломатијата ако СДСМ некогаш се врати на власт, дури четири пати не успева да каже што точно мисли.

Тој од вчера во 10:17 до 10:31 минута дури четири пати го менува својот статус за да дојде до финалниот став.

Практично во првите 4 статуси Жерновски признава дека СДСМ го избришал македонскиот идентитет.

,,Со своите изјави признавате дека политиките на СДСМ не само што го избришаа, туку напротив- конечно меѓународно го потврдија и го зациментираа македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност.

Дури во петтиот статус Жерновски додава едно ,,не” за конечно да тврди дека СДСМ не го избришал македонскиот идентитет.

Човекот што сака да биде иден министер за надворешни работи а на емисија не знаеше што значи кратенката НАТО очигледно или има проблем со потсвеста и мисли дека СДСМ го избришал македонскиот идентитет или има проблем со политичката логика но и со македонскиот јазик.

Претходно Жерновски излажа дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сликала со восочни фигури на Трамп и Меланија по што мораше да го брише статусот.

Сега наместо да го брише се решил да го менува дури пет пати

Ќе се извини ли Жерновски што ширеше лажна вест за Сиљановска и ,,Восочниот Трамп”

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top