Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Неуспешниот ли дипломат и очаен градоначалник Жерновски најде да иронизира за визите на САД и младите во Македонија?!

Андреј Жерновски неуспешен дипломат, неакредитиран амбасадор, очаен градоначалник, кој нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и меѓународните политики на Владата, поради тоа што паметиме дека додека тој беше заменик министер за надворешни работи во владата на Заев, државата го промени името. Ако тоа е успех, нека му служи на чест. Но, Жерновски денеска иронично […]

Андреј Жерновски неуспешен дипломат, неакредитиран амбасадор, очаен градоначалник, кој нема никаков кредибилитет да говори за дипломатијата и меѓународните политики на Владата, поради тоа што паметиме дека додека тој беше заменик министер за надворешни работи во владата на Заев, државата го промени името. Ако тоа е успех, нека му служи на чест.

Но, Жерновски денеска иронично говори дека Македонија ќе ги задржи младите дома, поради паузата на САД за имигрантските визи.

Жерновски вака не беше хумористичен кога добиваше по 1.000 евра месечно како проектен менаџер за изградба на Клиничкиот центар во Штип, за којшто беа обезбедени средства од минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, но СДС не успеа да ја изгради.

Изгледа тогаш му одговарало на Жерновски да го полни својот џеб од парите на граѓаните, а притоа ништо да не работи.

Жерновски, како Заев и Филипче, треба да биде во минатото на политиката, а не „ново лице’’ на СДС.

Најнови вести од: Македонија

Забрзувањето на евроинтегративниот процес за Западниот Балкан и регионалната соработка – клучни теми на Процесот Брдо-Бриони

Денес во Охрид се одржува 15-тиот состанок на врвот на Процесот Брдо-Бриони .ќе се Главната тема е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, со акцент на спроведување на потребните реформи, зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи.

„Курир“: Рокас потврди дека може да има блокади и по ставање на Бугарите во Уставот! Само Филипче верува дека е тоа „последно барање“ на Бугарија!

„Венко Филипче и неговата екипа од СДС останаа единствените луѓе во Македонија кои веруваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последното барање на Бугарија. Ова директно го потврди и евроамбасадорот Рокас, кој не исклучи дека некоја членка на ЕУ може да нѐ блокира во преговорите со ЕУ!’ – пишува порталот „Курир во својата статија со наслов „Филипче и екипата останаа сами: И Рокас не исклучи дека НЕКОЈА ЧЛЕНКА МОЖЕ ДА НÉ БЛОКИРА И ВО ПРЕГОВОРИТЕ“.

Тошковски: Нека е за убаво, нека е за арно!

Министерот нагласи дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале о минатото за време на претходни прослави

ВРЕДИ: И Тирана потврдува дека албанскиот јазик напредува, додека пропагандата на ДУИ доживува фијаско

„Албанскиот јазик не е ниту тема за политички кампањи, ниту алатка за ширење страв кај граѓаните. Тој е стекнато право и заедничко добро на сите Албанци – кое се штити и унапредува преку конкретни дела, а не преку лажни аларми, велат од партијата

Најнови вести

To top