Македонија

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа

Високи оценки од првиот човек на НАТО за Европа: Македонската армија е сигурен и кредибилен сојузник

Македонската армија останува сигурен и кредибилен дел од НАТО. Државата е цврст и ценет сојузник кој значајно придонесува за колективната безбедност е пораката од Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Алексус Гринкевич. 180 македонски војници се рамо до рамо со колеги од Бугарија, Летонија и Романија долж источното крило на Алијансата и имаат клучна улога во обезбедување и одбраната.

Гринкевич смета дека буџетот кој се издвојува за одбраната или околу 4 проценти од БДП, е значаен придонес во насока на заедничката цел на Алијансата за достигнување 5 проценти до 2035 година.

„Исто така имав можност да ја погледна исклучително вештата демонстрација пред само неколку минути. Како и способностите и посветеноста кои штотуку ги покажавте со сите војници тука. Едноставно величествено, благодарен сум за се што правите бранејќи ја вашата земја и бранејќи ја Алијансата секој ден“ Алексус Гринкевич – рече командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа.
Македонската Армија има важна улога како клучен фактор во регионот и на транспортните коридори порача налалникот на Генералштабот Сашко ЛаФчиски. Процесот на модернизација на Армијата ќе продолжи, а од новата опрема се планираат оклопни возила, артилерски системи, противвоздушни системи, а се очекуваат и италијанските хеликоптери.

„Македонската Армија денес е модерна, добро опремена и високо обучена. Ова не е само наше видување, туку тоа претставува објективна и потврдена оцена, добиена преку серија на ригорозни проверки на персоналот, опремата и процедурите – истакна началник на Генералштабот Сашко Лафчиски , посочувајќи на сертификацијата на лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „Блесок 26“, како и оценувањето на борбените елементи за специјални операции.
Македонската армија придонесува и во мисиите КФОР во Косово и АЛТЕА во Босна и Херцеговина. За тоа генералот на Алијансата ЗА ЕВРОПА се заблагодари и ја истакна улогата на Македонија во зачувувањето на стабилноста на Западниот Балкан.

Според најавите на претстојниот Самит на НАТО во Анкара сојузниците ќе демонстрираат напредок во зголемувањето на одбранбените вложувања и поддршката за Украина, со цел јакнење на Алијансата.

 

Најнови вести од: Македонија

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top