Спорт

Ивановски во четвртфиналето на Македонија опен

Македонскиот тенисер славеше во два сета над Малтежанецот Деликата и утре ќе игра со шестиот носител Вајс од Италија

По елиминацијата на первиот фаворит на стартот, Калин Ивановски успешно го помина и второто коло и се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнир Македонија опен, кој се игра на земјените терени на Југ во Скопје, а наградниот фонд е 30.000 американски долари.

Ивановски, неделава 1148. на АТП-листата во сингл, славеше со 6-4, 6-3 над Лијам Деликата (1687.) од Малта и за место во полуфиналето утре ќе се бори со шестиот носител Александар Вајс (629.) од Италија.

Единствениот друг домашен натпреварувач што се проби во вториот круг, Обрад Марковски, благодарејќи на победата од 7-6 (2), 0-6, 6-3 над Бугаринот Максимилијан Борисов (1967.) претпладнево, утре ќе го доигра прекинатиот меч доцна попладнево со четвртиот носител Владислав Орлов (493.) од Украина при водство на противникот од 6-3, 2-2.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top