Македонија

„СДК“: На „Маркова нога“ ќе се обнови спомен-плочата за седумте младинци од Лерин, ѕверски убиени на 17.1.1944 од бугарскиот фашистички окупатор

„На седумте младинци борци од Лерин, ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор“, пишува на спомен-плочата на граничниот премин Маркова Нога. Повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа ќе нема само политичко, и економско начење. Преминот ќе биде и место за историско сеќавање бидејќи непосредно до него, на македонската страна, се наоѓа спомен-плочата за седумте младинци од Лерин кои беа измачувани и убиени од фашистичките сили за време на Втората светска војна, објави информативниот портал „СДК“.

Натаму порталот истакнува: Плочата долги години беше надвор од вниманието на јавноста, зашто преминот кон Грција не функционираше од 1967 и таму немаше проток на патници. При реконструкцијата на граничниот премин, што се прави од македонска страна, плочата е зачувана. Таа се наоѓа во близина на новата инфраструктура што е подигната на преминот.


Гранитот од годините и атмосферските влијанија е потемнет, но на него јасно може да се прочита испишаниот текст: „На седумте младинци борци од Лерин, ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор“. Плочата сведочи за заедничките страдања што ги имаше народот од двете страни на границата во Втората светска војна.

„На 17 јануари 1944 година, бугарски војници го опколија и влегоа во селото Герман (денес Агиос Германос, Грција) и ги блокираа куќите. На патот од Герман за Роби (денес Лемос), окупаторите пресретнаа и заробија седум младинци од Лерин на возраст од 17 до 20 години кои сакаа да им се придружат на партизаните. Ги врзаа со бодликав те така што од рацете непрестано им течеше крв. Мајорот кој ги спроведуваше младинците, со кундакот од пушката маваше по нив. На патот кон селото Герман, едно од заробените момчиња изгуби рамнотежа и падна, па над него се навалија и другите, зашто беа врзани заедно. Тепањето и малтретирањето тогаш продолжи со уште поголема жестокост. Од селото Герман беа спроведени до Маркова Нога. Тука на свиреп начин биле убиени. Овој морничав случај го потресе населението од цела Преспа.“ – вели историчарот Александар Литовски.


Општинското собрание на Ресен во социјалистичкиот период, во чест на загинатите момчиња на местото каде што беа убиени во непосредна близина на грчката граница подигна спомен-плоча и засади седум борови. Во иднина плочата ќе треба да се реставрира и да ѝ се најде соодветно место на Маркова Нога. Дрвца крај преминот беа посадени и во март 2025, кога беше поставен камен-темелникот со кој се означи почетокот на реконструкцијата на граничниот премин Маркова Нога, на македонската страна од границата.

Најнови вести од: Македонија

Македонската армија слави 34-ти роденден

Со учество во меѓународни мисии, поддршка на цивилните институции, исполнување на НАТО-целите за способности и континуирана модернизација, таа останува посветена на својата основна мисија – заштита на независноста, територијалниот интегритет и безбедноста на државата и нејзините граѓани.

Легендарен македонист помирен за македонски пасош, жали што не може да помага како почесен конзул на Македонија

Иако е позаслужен за Македонија од многу Македонци промоторот на македонските вредности не може да добие пасош ниту да ја врши симболичната функција што ја имал

To top