Македонија

Манасиевски: СДСМ блокира од страв од уште поголем пораз

Стравот на Венко Заев и СДС е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното конто, затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење

 

Катастрофалното раководење на Венко Заев и СДС со државните институции, сојузништвото со криминалот и корупцијата, како и понижувањата на национално ниво, натера голем број на наши сограѓани да ја напуштат повремено или пак трајно нашата држава, изјави на денешната прес-конфернеција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски

„Венко Заев и СДС, не само што ги избркаа граѓаните од државата, сега не сакаат ниту да им го олеснат начинот на гласање на изборен циклус во Македонија, затоа што знаат дека нема да ја добијат нивната поддршка односно поддршката од страна на македонската дијаспора и поради тоа, жестоко го блокираат Изборниот законик со над 10 илјади амандмани.

Тоа е вистинската причина за блокада на Изборниот законик. Страв од уште поголем пораз на следните избори.

Јасно се гледа дека Венко Заев нема никаква визија во својата политика, освен да и наштети на државата и нејзините граѓани на било каков можен начин“, рече Манасиевски.

Портпаролот додаде дека Изборниот законик го поздравува и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас, кој додаде дека Македонија ја исполнува обврската која ја има преземено во делот на испорачување на Реформската агенда и јасно бара консензус на сите политички партии за овој Закон, само Венко Заев се противи и смета дека доколку создава блокада на реформските закони дека така ќе добие политички поен повеќе.

Граѓаните ја прочитаа намерата на Венко Заев и СДС и затоа на следниот изборен циклус ќе ги доведат на маргините“, порача Манасиевски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Најнови вести

To top