Македонија

Британски агенции ги предупредуваат родителите да не објавуваат фотографии од своите деца на интернет

Тие ги предупредуваат родителите да не објавуваат фотографии од нивните деца на интернет, бидејќи со помош на ВИ тие можат да се претворат во порнографски материјал

Британската агенција за борба против криминалот и Фондацијата за надзор на интернет објавија нови препораки за заштита на децата од зголемената употреба на вештачка интелигенција (ВИ) за создавање педофилски содржини.

Тие ги предупредуваат родителите да не објавуваат фотографии од нивните деца на интернет, бидејќи со помош на ВИ тие можат да се претворат во порнографски материјал.

Предупредувањето уследи откако училиште во Велика Британија беше на мета на криминални групи кои користеа јавно достапни фотографии од ученици и со помош на ВИ создадоа порнографски материјал, а потоа се заканија дека ќе го објават доколку не им биде платено.

Аналитичарите од Фондацијата за надзор на интернетот во 2025 година откриле 3.400 видео-снимки генерирани со ВИ, додека во 2024 година нивниот број изнесуваше 13.

– Заканата е вознемирувачка. Не велиме да не се споделуваат фотографии од децата со луѓето што ги сакате и на кои им верувате, но сакаме луѓето да бидат свесни за потенцијалните ризици и да носат информирани одлуки имајќи ги предвид сите факти, изјави извршната директорка ба Фондацијата за надзор на интернет, Кери Смит.

Според неа последиците од објавените фотографии можат да бидат катастрофални. Смит ги советува родителите на социјалните мрежи да креираат групи „пријатели“, каде ќе споделуваат фотографии од своите деца или да ги прилагодат поставките за приватност, така што само ограничен број луѓе ќе можат да ги видат.

– Штетата е многу реална. А потенцијалот за долгорочни последици е нешто што мислам дека секој родител сака да го спречи, наведе Смит.

Со напредокот на технологијата педофилските содржини се сè пораспространети, а фотографиите и видеата стануваат сè понасилни. Во 2025 година дури 65 проценти од 3.443 вештачки генерирани видеа се класифицирани како Категорија А, што според британскиот Кривичен законик, прикажуваат најтешките кривични дела како што се силување и сексуален напад.

Фондацијата за надзор на интернетот ги повика технолошките компании правилно да ги заштитат своите модели од ВИ пред да им ги понудат на корисниците.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top