Македонија

Сотирис Минас: „Ми го одзедоа јазикот – македонскиот“ (ВИДЕО)

Пеетот вели дека неговиот избор да го научи македонскиот јазик не е само јазична љубопитност, туку морална позиција. „Ако кај Македонците е посеан страв да го зборуваат својот јазик, тогаш еден Грк ќе го научи и ќе го зборува тој ист јазик по свој избор – и тоа со гордост“

 Особено внимание на Струшките вечери на поезијата, силно се издвои песната „Ми го одзедоа јазикот – македонскиот“ од грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас. Песната беше прочитана на свеченото отворање на 65. издание на фестивалот, во рамките на меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, на кое Минас учествуваше како поет од Грција.

Нејзиниот одек не беше случаен. Напишана по инспирација од прочуената песна на нобеловецот Одисеас Елитис „Ми го дадоа јазикот – грчкиот“, песната на Минас ја превртува почетната формула и ја отвора една од најчувствителните теми во македонско-грчкиот културен и историски простор: јазикот како право, како болка, како меморија и како достоинство.

Во моментот кога еден грчки автор, без македонско потекло, на меѓународна поетска сцена ја чита песната „Ми го одзедоа јазикот – македонскиот“, поезијата престанува да биде само книжевен чин. Таа станува сведоштво. Станува глас што го пробива молкот. Станува доказ дека македонскиот јазик, дури и кога бил оспоруван, премолчуван или одземан, продолжил да живее во сеќавањето, во песната и во совеста.

МИ ГО ОДЗЕДОА ЈАЗИКОТ – МАКЕДОНСКИОТ

По инспирација од прочуената песна на Одисеас Елитис
„Ми го дадоа јазикот – грчкиот“

Ми го одзедоа јазикот – македонскиот,

куќата сиромашна

на падините на Кајмакчалан,

крај бреговите на Вардар и Сакулева.

Единствена мисла – јазикот мој,

во подножјето на Пиново и Вичо.

Таму, стари сенки, изгубени зборови,

ветровити глаголи, зелени струи

во синевината на Преспанското

и Дојранското Езеро. 

Сè што видов како гори во утробата моја,

легенди на водата и алги,

со првите воздишки на водите,

и школки на мојата тишина,

со првите црни трепети…

Единствена мисла – јазикот мој,

со првите црни трепети…

Таму, калинки и дуњи,

во земјите на Воден и Лерин,

запустени сенки,

планини што уште издржуваат,

со здивовите на нивните карпи.

Летаат златни орли по падините на Пајак,

со првите химни на нашата земја,

и напалм бомбите

што горат на Вичо,

селата ни исчезнуваат.

Единствена мисла – јазикот мој,

со првите пламени на татковината…

Таму, во долината на Вардар,

по тајните патеки на Негуш,

дафинки и лавори

вкоренети во урнатините,

темјан се крева од нашите почви.

А ние, благословувајќи ги нашите сенки,

сè уште шепотиме на нашиот јазик.

Единствена мисла – јазикот мој,

кој сè уште живее во пепелта.

„Оваа песна е еден од најсилните клучеви за читање на новата книга на Сотирис Минас, „Раскинување на договорот“ / „Λύση Συμβολαίου“, објавена во издание на „Матица македонска“. Книгата е дебитантска двојазична стихозбирка, на грчки и на македонски јазик, а македонската верзија на песните е препев на самиот автор. Со тоа, македонскиот јазик во ова издание не е само јазик на превод, туку јазик на избор, солидарност, отпор и достоинство“, вели издавачот, „Матица македонска“.

Во авторската белешка кон книгата, Минас уште подиректно ја објаснува својата одлука: „Мојата одлука да ја објавам оваа збирка во Македонија, преку издавачката куќа ‘Матица македонска’, е свесен чин на правда.“ Тој пишува дека живееме во реалност изградена „врз негирањето на различното и врз задушувањето на неговиот идентитет“, па затоа ова издание го нарекува свој „директен судир со деценискиот молк и лаги“.МКД.МК

 

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Најнови вести

To top