Македонија

„Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства.“ – ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

Нова кампања за вдомување

Започнуваме нова кампања за вдомување посветена на кучињата кои најдолго престојуваат во прифатилиштето и со години чекаат некој да им даде шанса за нов живот.

Во рамки на кампањата, за реализиравме фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако станува збор за здрави, социјализирани и подготвени за вдомување миленици.

Во наредниот период, јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом.

Зад секое куче што со години е во Лајка се крие приказна која заслужува да биде слушната. Тие не се бројки, туку живи суштества кои секој ден го чекаат истиот момент – некој да дојде токму по нив. Со оваа кампања сакаме да им дадеме видливост на оние кои најдолго чекаат и да покажеме дека времето поминато во прифатилиште не ја намалува нивната вредност како идни домашни миленици.

Кучињата кои се дел од кампањата со години се под грижа на ЈП Лајка. Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Голем дел од нив учествуваа во бројни прошетки и активности, каде покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство.

Ги повикуваме граѓаните да ги следат објавите, да ги споделуваат нивните приказни и да размислат за вдомување. Понекогаш е потребно само едно споделување за едно куче, по години чекање, конечно да го пронајде својот дом.

За повеќе информации и интерес за вдомување, граѓаните можат да се обратат преку нашите официјални канали за комуникација.

Најнови вести од: Македонија

Обвинение против газдата Трифун Костовски, син му и соработниците за стечајот на Еуростандард банка

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари, или околу 27 милиони евра.

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста – објави претседателката.

To top