Македонија

Брисел почна три постапки против Бугарија, Софија крши европски прописи

Прекршување на санкциите на ЕУ, безбедност во транспортот и промоција на обновливите извори на енергија

Европската Комисија денеска отвори нови прекршочни постапки против неколку земји членки на ЕУ, меѓу кои и Бугарија, поради тоа што доцнат со усогласувањето со европското законодавство.

 

Против Бугарија се покренати три постапки – за прекршување на санкциите на ЕУ, за безбедност во транспортот и за промоција на обновливите извори на енергија.

 

Во првата постапка, Комисијата ги повика сите земји членки, вклучително и Бугарија, целосно да ги спроведат правилата за криминализација на прекршувањето на санкциите на ЕУ. За ова прашање ЕК отвори постапки против 18 држави, кои сè уште не известиле за потребните мерки. Според ЕК, усогласувањето на националните кривични законодавства ќе овозможи поефикасно гонење на прекршителите, особено по воведувањето на санкциите поради руската агресија врз Украина. Државите имаа рок до 20 мај да ги усогласат прописите. Сега имаат 2 месеца да одговорат на официјалните писма на Комисијата, по што може да следува мотивирано мислење како следна фаза во постапката.

 

Втората постапка се однесува на безбедноста при транспорт на опасни материи по пат, железница и по внатрешни пловни патишта. Постапки се покренати против 9 држави – вклучувајќи ја и Бугарија – поради нецелосно транспонирање на новите правила, чиј краен рок истече на 30 јуни. Промените се воведени за да се усогласат со најновите меѓународни стандарди и научни податоци, и се применуваат за внатрешниот и меѓународниот транспорт во ЕУ.

 

Третата постапка е насочена кон 26 земји, меѓу кои и Бугарија, поради доцнење со примена на изменетите правила за поттикнување на обновливите извори на енергија. Новите правила, кои требаше да се имплементираат до 21 мај, имаат за цел забрзано воведување на чисти извори на енергија, особено во греењето, транспортот и во индустријата. Се промовира и електрификација и користење на „зелен“ водород. Комисијата нагласува дека над 75 проценти од емисиите на стакленички гасови во ЕУ доаѓаат од енергетиката. Единствено Данска целосно ги спроведе правилата. И за ова државите имаат рок од 2 месеца за одговор.

Најнови вести од: Македонија

„Црн петок“, ама само на излог – во Македонија нема ништо од тоа, реагираат граѓаните

„Црн петок“ во Македонија – ова е денот кога голем дел од граѓаните очекуваат пониски цени во продажните места, но дали и колку се намалени, граѓаните велат „не“, зашто според нив, едно е на излог, друго во продавница, а трета цена е на каса.

Мицкоски: Зголемувањето на пензиите го крева животниот стандард, Уставниот суд ќе покаже дали има поинакви намери

Владата со тие мерки сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензионери. Некој друг има поинакви намери, дециден е премиерот Мицкоски

УЈП: Исплатата на Мој ДДВ во тек, исплатени 552 милиони, подготвени уште 370 милиони денари

„Кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата на Мој ДДВ, но тоа се должи на технички проблеми, кои не зависат од УЈП, како што е на пример неважечка трансакциска сметка.“ – нагласи директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова.

To top