Македонија

Андоновски: Дијаспората заслужува да гласа електронски

„Со политичка волја, системот е изводлив до 2029 година“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека е неопходно да се овозможи електронско гласање за дијаспората и дека во наредните три години, паралелно со напредокот на дигитализацијата, може да се изгради систем што ќе го гарантира тоа право.

„Многу е важно да ѝ се дозволи на дијаспората да гласа. Ова се луѓе што во Македонија годишно внесуваат над една милијарда денари во дознаки, со што ја поддржуваат македонската економија, своите сограѓани, семејства и пријатели, а често отвораат и сопствени бизниси“, рече Андоновски за време на неговиот престој во Прилеп.

Тој нагласи дека не е фер дијаспората да мора да патува илјадници километри за да го оствари уставно загарантираното право на глас – еднаш за регистрација и вторпат на денот на гласањето.

„Со измените на Изборниот законик треба да се предвиди до 2029 година да биде подготвен систем што ќе им овозможи на регистрираните државјани со македонски пасоши кои живеат во странство да гласаат онлајн“, додаде министерот.

Андоновски посочи дека земјата веќе има систем за дигитален идентитет преку порталот услуги.gov.mk и дека тој може да се доразвие во соработка со Државната изборна комисија.

„Ако има политичка волја, тоа е изводливо“, заклучи тој.

Во Собранието неодамна пропадна уште еден обид за постигнување договор за измени на Изборниот законик, при што најголемиот спор повторно беше токму начинот на гласање на дијаспората.

Од опозицискиот СДСМ велат дека не се против правото на дијаспората да гласа, но се против модели што можат да отворат простор за изборни злоупотреби. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги обвинуваат опозициските партии дека го блокираат законот поради страв од изборен пораз.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top