Пејачот Влатко Миладиноски доби на подарок уникатни патики со ликот на македонскиот револуционер Гоце Делчев и со други мотиви што асоцираат на Македонија во пресрет на концертот на 29 јули во Хераклеа кај Битола.
Патиките изработени од „РВР Бренд“ ги содржат и двете македонски знамиња – националното од Кутлеш и државното, како и ликот од иконата на Гаврил Лесновски и стих од хитот на Војо Стојановски „Нема друга Македонија“.