Свет

Протестна нота од Софија за „сквернаење“ на бугарските национални симболи

Министерството за надворешни работи (МНР) ѝ врачи протестна нота на амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, објави Њуз.бг. „Причината е уште едно сквернавење на бугарските национални симболи во РСМ. Ваквите постапки се категорично осудени. Со жалење се забележува дека идентични неприфатливи прекршувања се регистрирани и во претходните периоди. На 4 мај 2025 година, […]

Министерството за надворешни работи (МНР) ѝ врачи протестна нота на амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, објави Њуз.бг.

„Причината е уште едно сквернавење на бугарските национални симболи во РСМ. Ваквите постапки се категорично осудени. Со жалење се забележува дека идентични неприфатливи прекршувања се регистрирани и во претходните периоди.

На 4 мај 2025 година, неколку часа по положувањето венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, беше откриено дека меѓу многуте положени венци, била отстранета само тробојната лента со бугарското знаме.

Покрај тоа, уште еден вандалски чин беше извршен врз морената донирана од Бугарија, која се наоѓа во Паркот на Франкофонијата во градот Скопјe,“ објавува ЊУЗ.бг дел од реакцијата на бугарското Министрство за надворешни.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top