Македонија

Тито досега не добил поголема навреда од ,,сдсмовец”

Професорот Тито Беличанец остро реагира на обвинувањата од СДСМ: „Поголема навреда од СДСМ-овец не сум добил“

Професорот Тито Беличанец, поранешен потпретседател на преодната влада во периодот 1989-1991 година, преку јавна објава остро им одговори на функционерот на СДСМ Аднан Џаферовски и на други членови на партијата кои го обвинија дека е „поткупен“ за да ги брани актуелната политика и раководството на СДСМ.

Во својата објава, 80-годишниот Беличанец ја отфрла обвинувањето како „најголема навреда“ што ја добил од припадник на СДСМ, но истакнува дека долго време ја следи партијата и дека почнал активно да ја поддржува дури со доаѓањето на Зоран Заев.

„СДСМ го следам од почетокот. До доаѓањето на Заев, партијата луташе во идеолошка и организациона магла и не донесе една државничка одлука. Дури и кога немаше опозиција, ѝ ја предадовте власта на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски да владее 12 години“, напиша Беличанец.

Тој посебно го истакнува периодот на Заев како момент кога СДСМ станала „државотворна партија“, велејќи дека токму Заев ги донел „најтешките државотворни одлуки со сериозни компромиси“. Според Беличанец, наместо да го поддржат, партиските структури го „тргнале“ Заев, што довело до подоцнежна криза и поделби во партијата.

Професорот критикува дека старите кадри, кои според него сносат вина за претходната состојба, наместо да помогнат во консолидацијата под водство на Димитар Ковачевски и потоа Филипче, почнале да бараат „реформи“ и нови идеолошки платформи, а воедно го блокирале СДСМ и на локалните избори со лични амбиции.

Беличанец се осврна и на критиките кон актуелното раководство на СДСМ за наводно преагресивна пропаганда во однос на барањето за внесување на Бугарите во Уставот. Според него, таа пропаганда е „уште недоволно активна и агресивна“. Тој повика на масовни мирни демонстрации за барање оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, бидејќи не ги исполнил ветувањата за поништување на одлуките на СДСМ и не нуди решение за напредокот кон ЕУ.

„Јас имам 80 години и немам претензии за функции или било што, но сакам моите внуци и сите други внуци да бидат граѓани на ЕУ“, нагласи Беличанец.

На крајот од објавата, тој признава дека поради провокацијата „бил престрог“, но потсетува дека дел од критичарите се токму од „кадрите пред Заев“ кои ја водееле партијата. Исто така, ги потсети дека Статутот на партијата се менува на конгрес, на кој тие самите учествувале, но не го измениле.

Објавата на Беличанец доаѓа во време на внатрешни тензии и дебати во СДСМ околу стратегијата за евроинтеграциите и односот кон опозицијата.

Цела објава

ЈАВНА ОБЈАВА КОН АДНАН ЏАФЕРОВСКИ И ДРУГИТЕ СДСМОВЦИ КОИ СМЕТААТ ДЕКА СЕ “ЗИМЗЕЛЕНИ” КОИ МИ УПАТИЈА НАВРЕДА ДЕКА СУМ ПОТКУПЕН ЗА ДА ЈА БРАНАМ АКТИВНОСТА НА АКТУЕЛНОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ ЗА ВЛЕЗ НА ЗЕМЈАТА ВО ЕУ!

Поголема навреда од СДСМОВЕЦ не сум добил. Благодарам.
СДСМ го следам од почеток зошто учествував во преодниот период во периодот 1989/1991 како потпретседател на ИС/Влада. До доаѓањето на Заев СДСМ луташе во идеолошка и организациона магла и не донесе една државничка одлука , дури кога и немаше опозиција зошто ВМРО ДПМНЕ го бојкотираше Собранието. Затоа му ја предадовте власта на ВМРО ДПМНЕ на чело со Груевски да владее 12 години.
Дури со Заев почна историјата на социјалдемократската партија како државотворна партија. Од тогаш почнав да го подржувам СДСМ. Посебно Заев кој ги донесе најтешките државотворни одлуки со сериозни компромиси кои беа изнудени заради тоа што Вие кои го водевте СДСМ до 2017 година не донесовте ниедна. И што е најтрагично дозволивте да го тргнете и Заев, наместо да го подржите да ја избори битката до крај. Потоа следеше дебакалот и поделба на партијата и доведување во најтешката состојба кога како како лидер ја презеде Филипче кој храбро се избори за значајна консолидација. И наместо старите кадрови кои ја сносите вината за состојбата во која се најде СДСМ да му помогнете почнавте еден по еден да се јавувате и да барате “реформи” и нови идеолошки платформи.
Го блокиравте СДСМ во текот на локалните избори со бројни подтови и амбиции за враќање на фунции.
Го слушам Петров ќе правел реформиран “СДСМ во сенка” како подршка на СДСМ. Го напаѓа Филипче и пропагандата на СДСМ дека била премногу агресивна зошто барала од Мицковски да ги внесе Бугарите во уставот за да почнат преговорите за влез во ЕУ. По мене сеуште недоволно е активна и агресивна. Од Мицкоски треба да се побара одговорност и оставка со масовни мирни демонстрации зошто не само што не го исполни ветувањето дека ќе ги поништи “предавничките” одлуки на СДСМ туку подолго од две години не нуди решение и земјата тапка во место за влез во ЕУ.
Јас имам 80 години и немав и немам претензии за функции или било што но сакам моите внуки и внуци и сите други внуци да бидат граѓани на ЕУ!
Толку од мене. Можеби заради лутината бев престрог кон Вас но ме провоциравте со некои Ваши ставови. А дел сте од кадрите пред Заев кои ја водеа СДСМ!
А статутот се менува на конгрес. На многу конгреси бевте учесник и можевте да го измените за да не биде “најобична чорба”!.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

Уште во 2023 претходната влада на СДСМ и ДУИ стапила во деловни односи со „Алта банка“ – Белград и Давор Мацура од Србија, дозволувајќи им влез во РМ

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка – Белград и Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во српска банка, која Алта банка ја купува. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но неодговорно е да се одржат, оти ѝ штетат на Македонија

Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека во моментот е неодговорно кон државата да се организираат предвремени парламентарни избори иако, како што вели, ако се гледа од политички аспект на неговата партија, тоа ѝ одговара.

Народната банка на Македонија и гувернерот Славески поднесоа кривични пријави против Филипче, Димитриевиќ и Жерновски во врска со „Алта банка“!

Народната банка и гувернерот Трајко Славески поднеле кривична пријава против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и против генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, во врска со случувањата со Алта Банка АД Битола.

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во една поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Најнови вести

To top