Македонија

Сиљановска-Давкова ја предводи македонската делегација на КОП31

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја предводи македонската делегација на COP31 во Анталија, по учеството на Парискиот мировен форум каде беше пречекана од Макрон

Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, која се одржува во Анталија, Турција.

Таа ја предводи државната делегација а е придружувана од министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

,,Свечено отворање на Светскиот лидерски самит во рамките на 31. Конференција на страните #COP31 на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени.
 
Благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за топлото гостопримство и организацијата на овој значаен Самит, на којшто ќе имаме можност да размениме мислења за глобалните климатски предизвици и потребата од посилна меѓународна соработка во справувањето со нив”, објави Сиљановска-Давкова од Анталија.

На самитот се очекува Сиљановска-Давкова да се обрати на првата општа сесија наменета за шефови на држави и влади, како и да учествува во дијалог за транзиција кон чиста енергија и електрификација. Планирани се и билатерални средби со други лидери.

Фокусот на COP31 е ставен на забрзување на намалувањето на емисиите, климатското финансирање, справувањето со екстремни временски настани и претворањето на претходните обврски во конкретни и мерливи активности.

Во пресрет на конференцијата, на 30 октомври, претседателката се обрати на „Националниот дијалог во пресрет на COP31“, организиран од УНДП во соработка со ресорните министерства. Таа порача дека Македонија мора климатските обврски да ги претвори во конкретни инвестиции и мерливи резултати, со јасни национални приоритети, подготвени проекти и прецизно дефинирани потреби за финансирање.

Сиљановска-Давкова ја оцени климатската криза како системска, која влијае врз целото општество, а не само како еколошко прашање. Потсети дека земјата се наоѓа во Медитеранот – еден од најранливите региони во светот. Според извештајот на Светската банка, загубите од катастрофи и екстремни климатски настани во последните 20 години се проценуваат на околу 667 милиони долари, а без инвестиции во адаптација годишните штети би можеле да достигнат 4 проценти од БДП до 2050 година. Таа посебно ја нагласи потребата од брзо усвојување на Законот за климатска акција, за кој Европската комисија дала позитивно мислење за усогласеност со европското законодавство.

Непосредно пред COP31, вчера (10 ноември) претседателката учествуваше на деветтото издание на Парискиот мировен форум во Франција. Таа се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, каде што меѓу другото порача дека Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан и дека европската безбедност е неразделно поврзана со безбедноста на регионот. Нагласи дека земјата има кандидатски статус 21 година и 17 позитивни извештаи, но сè уште не ги започнала преговорите.

Истата вечер Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената вечера во Елисејската палата, приредена од францускиот претседател Емануел Макрон во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Форумот. Таа беше пречекана од Макрон (заедно со Брижит Макрон), а разговорите продолжија во пријателска атмосфера, со осврт на темите за мир и геополитика, животна средина, нови технологии и иднината на Европската Унија.

Учеството на COP31 претставува продолжение на македонските напори за активна улога во глобалните климатски процеси и енергетската транзиција, во контекст на европските интеграции и регионалната стабилност.

Најнови вести од: Македонија

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

  Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, […]

Народната банка на Македонија и гувернерот Славески поднесоа кривични пријави против Филипче, Димитриевиќ и Жерновски во врска со „Алта банка“!

Народната банка и гувернерот Трајко Славески поднеле кривична пријава против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и против генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, во врска со случувањата со Алта Банка АД Битола.

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во една поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Владата презема низа мерки за да ја заштити Македонија од нагли поскапувања на струјата и од ценовни шокови како во ЕУ

Владата презема низа мерки за да ја заштити домашната економија од енергетската криза што ја зафати Европа, каде што цените на енергенсите се зголемени два до три пати. Целта е зимата да помине без нагли поскапувања на електричната енергија и без ценовни шокови какви што се забележуваат во земјите од Европската Унија.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Стојаноски: Уште во 2023-та Владата на СДСМ дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка

Постои официјална одлука објавена во Службен весник број 123 од 2023 година, со која тогашната влада предводена од СДС, дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна Алта банка“

Мицкоски: Стојам на ставот дека Алта банка е апсолутно ликвидна

Премиерот посочи дека со чекорите кои се направени и тие кои следат се заштитува интересот и на граѓаните и на државата и ќе се дојде до решение во кое оваа банка нема да банкротира како Еуростандард во време на СДСМ.

Најнови вести

To top