Македонија

„Бристол“ има нов газда

Хотелот „Бристол“ во 2023 година требаше да прослави 100 години од своето постоење, но со години беше затворен

Култниот хотел „Бристол“ во центарот на Скопје е продаден, а според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, нов сопственик е ГМ „Проперти“.

Според „Company Wall“ мрежата, оваа фирма основана е пред две години и немала приходи ниту пак вработени. Податоците покажуваат дека е под финансиска изложеност со подигнато банкарско кредитирање од над 300 милиони денари или околу 5 милиони евра, објави Фокус

Сопственик на ГМ Проперти во моментов е Емил Кратовалиев, член на Управниот одбор на осигурителната компанија Уника . Основач заедно со Кратовалиев бил и Зоран Антиќ, сопственикот на МГ Фешн и акционер на „Македонијатурист“ во чија сопственост е хотелот Бристол, но тој излегол од сопствеништвото во текот на март 2026 година.

Во мај годинава „Македонијатурист“ преку Македонска берза објави дека Собранието на акционери ја одобрило продажбата на хотелите. Покрај овие објекти, ќе се продаваат и становите што ги поседува ова акционерско друштво на улица Максим Горки и деловниот простор „Пивница“.

Кастрофалниот земјотрес во 1963 година затрупа 80% од градителското наследство во Скопје, а оние згради кои преживеаја никогаш не станаа приоритет на заштита.

Хотелот „Бристол“ во 2023 година требаше да прослави 100 години од своето постоење, но е затворен со години. Се наоѓа во близина на старата Железничката станица и е крстен според истоимениот ланец хотели. Браќата Атанас и Ристо Караџа, кои биле ценети скопски трговци и угледни граѓани, го изградиле хотелот „Бристол” во 1923 година. Во собите вовеле и телефонски приклучоци, а имале гаража со капацитет за неколку автомобили.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top