Македонија

Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! – Македонија е на Македонците!

„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.

Соработник на Гоце Делчев и на Васил Главинов

Под влијание на левичарските идеи влегува во Македонската социјалистичка група на Главинов, која имала јасен став за македонското прашање, односно за создавање одделна македонска република. Во почетокот на XX век во македонското националноослободителното движење силно блеснала личноста на социјалистот Никола Петров Русински. Тој е роден на 21 ноември 1875 година, во селото Русиново, Малешевско. Од септември 1895 до март 1897 година учел во подофицерското училиште во Софија и им бил близок пријател на Гоце Делчев и на Васил Главинов. Во 1895 година се вклучил во редовите на македонското револуционерно движење. Во 1897 година, Русински станал четник во првата чета на Македонската револуционерна организација (МРО) во Малешевијата. Истата година, учествувал во киднапирањето на Назлим-бег, кое го раководел Гоце Делчев, а подоцна се приклучил и во четата на Гоце Делчев.

Во 1898 година, Никола Петров Русински се запознал со Васил Главинов, кој во Софија ја формирал Македонската социјалистичка група. Русински како социјалист се вклучил кон групата во која членувале Велко Марков, Никола Карев, Димо Хаџи Димов, Лазар Главинов и др. Тргнувајќи од ставот дека без национално ослободување нема ни економска слобода, социјалистите, меѓу кои и Русински, се залагале за ослободување на Македонија и ги истакнале слоганите „Македонија за Македонците“ и „Ослободувањето на Македонија е работа на Македонците“.

Инструктор на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО)

На 3 март 1901 година, Битолскиот окружен комитет го назначил Никола Петров Русински за војвода на Крушевско–демирхисарскиот реон. На 28 ноември 1901 година во селото Велгошти, Русински го презел раководството над охридската чета. Во сите села уредил комитети, терористички групи, каси, стражи, ракување со оружје и собирање средства за набавка на оружје. Русински со својата чета во охридскиот регион бил заштитник на угнетеното македонско наеление.. Во врска со засилените репресалии на официјалната вилаетска власт кон македонското население, Русински испратил писмо до битолскиот валиja Едип-паша, во кое ја упатува заканата: „Ако пак вие продолжите да ,умиротворувате’ со вашите методи, ние нема да се молиме, туку ќе преземеме мерки и ќе натераме Турчин да не се појави по патишта и крстопатишта. Од Горскиот началник во Охридско, кој се наоѓа секаде и никаде“.

 Русински како војвода во Охридско и Струшко останал до ноември 1902 година. Учествувал и на Смилевскиот конгрес. Бил против масовно востание, бидејќи сметал дека четите и населението не биле доволно подготвени. Но ги прифатил одлуките донесени на Смилевскиот конгрес. Во текот на Илинденското востание Никола Русински дејствувал во Мариово и командувал и со леринските чети, кои се засолниле во Мариовско, откако се извлекле од тешката ситуација во Леринскиот реон. Двегодишната предилинденска револуционерна дејност на Никола Петров Русински во Битолскиот округ на Македонската револуционерна организација ги нагласува неговите исклучителни заслуги за изградба на четничкиот институт, за омасовување на македонското националноослободително движење. Неговите траги силно ќе се одразат врз во Илииденското востание и Крушевската република. Оттаму произлегува крупниот придонес на Русински  за македонската револуционерна и националноослободителна борба.

 Подоцнежни години

По Младотурската револуција, во 1908 година Никола Русински легално живеел во Битола, посветувајќи им се на социјалистичката пропаганда и синдикалното движење. Учествувал во Балканските војни, по чие завршување бил кандидат на парламентарните избори во пиринскиот дел на Македонија. Набрзо потоа, со почетокот на Првата светска војна, тој бил мобилизиран. Во времето на фашизмот во Бугарија учествувал во антифашистичкото движење и ги криел комунистичките илегалци. Според одредени медиумски и други извори, Никола Русински умрел во крајна беда на 14 јуни 1942 година во Софија. Но, како што наведува на својата интернет-страница „Музејот на македонската борба“, овој знаменит македонски револуционер починал не во Софија, туку во своето родно село Русиново. Тој е автор на книгата „Придонес кон историјата на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација – за времето 1900 – 1903“, објавена во 1936 година. Во 1997 година, во Скопје, се издадени неговите „Спомени“.

Извори: Научна статија на проф.д-р Димитар Димески „Придонесот на Никола Петров Русински во Битолскиот револуционерен округ (1901—1903 год.), статија на „Нова Македонија“ „Човекот што беше поборник на идејата ‘Македонија за Македонците“ и статија на „Македонска нација“ „Никола Петров Русински“

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Македонија 15 години не е во ЕУ, поради вештачки барања на нејзина членка! Членство во ЕУ не значи промена на идентитет!

Во Дизелдорф учествував на Самитот посветен на отпорноста во Северна Рајна-Вестфалија, каде на панелот “Отпорност како императив за севкупното општество” истакнав дека Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ заради вештачки прашања, напиша премиерот Христијан Мицоски на социјалните мрежи.

Цветанова: Негирањето на македонската национална и јазична посебност е облик на политички говор на омраза

„Облик на политички говор на омраза се негирачките ставови кон македонската национална и јазична посебност, кога се ставени во контекст на македонско-бугарските односи и македонската евроинтеграција.“ – ова е нагласено пред почетокот на научниот собир „Негирањето на политичката легитимност на македонската нација и посебноста на македонскиот јазик како форма на политички говор на омраза” во организација на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ и Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ.

ЕФА: Се засилуваат притисоците и заплашувањето на македонското и турското малцинство во Грција

Особено загрижувачки се случаите на попречување на културните манифестации на Македонците, особено во Леринскиот регион. Според ЕФА, грчките власти интервенирале на локални фестивали на кои се пеело и играло на македонски јазик, користејќи инспекциски контроли, пријави за бучава и предвремено прекинување на настаните

Богојески: Останувам на изјавата за машка контрола на жената (ВИДЕО)

Овој пат удри и по мажите: „Вие мажите што ме напаѓате, што мажи сте? Вас ви одговара да ги пуштате ќерките полуголи пред Силбо и жените што неможете да ги соберете од кафани“, вели тој во видеообраќањето

ВРЕДИ: Излегувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами од притвор е скандал без преседан

„Како политички субјект на власт, ќе ги искористиме сите институционални механизми за да ја откриеме вистината зад овој скандал и да ги увериме граѓаните дека правдата и државата нема да бидат предмет на исмевање“, велат од ВРЕДИ

To top