Македонија

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци“ истакнувајќи дека тоа е завет од АСНОМ.

Престедателката истакна дека Државата не се гради само со одржување на демократски избори и формирање институции, туку преку нивно зајакнување, заштита на човековите права и почитување на правото, истакна претседателката Гордана Силјановска-Давкова на денешната панел-дискусија посветена на денот на независноста, 8 Септември.

Сиљановска-Давкова денеска беше покровител и на панел-дискусијата „8 Септември низ призмата на неговите непосредни учесници и сведоци“ – поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности, ќе се осврнат на клучните политички, институционални и општествени процеси што доведоа до создавањето на независната македонска држава.

Преку лични сведоштва и сеќавања, учесниците ги споделија своите искуства од историскиот период во кој Македонија го трасираше патот кон самостојноста, со цел да се зачува колективната мемориј

„Асномскиот завет кој вели – каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме. По мое мислење, умерените и умни лидери во деведесеттите години биле Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев, Абдурахман Алити… кои успеаја од тој вртлог на војна со своето знаење и мудрост, но и државничкиот однос на еден умерен начин да исчекорат, и тоа е многу важно. Според еден научник, може за шест дена да скицирате устав, може за шест месеци да зацртате либерална економија, ама ви требаат шеесет години да изградите функционална демократија.

Таа не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право“, нагласи Сиљановска Давкова.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top