Свет

Анализа: Што ја чека Германија по победата на АФД?!

Милошоски во објавата се осврнува и на односот кон мигрантите, посочувајќи дека иако нема експлицитни закани кон доселениците во Германија, АФД, за разлика од СПД, либералите и ЦДУ, има поинаков однос кон нив.

Германија влегува во период на нови политички турбуленции, по резултатите од изборите во Саксонија-Анхалт, смета пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски. Во објава на социјалната мрежа X , Милошоски оценува дека победата на АФД, заедно со слабите резултати на ЦДУ, СПД и либералите, може да биде најава за нови потреси на претстојните избори за парламентите во Мекленбург и Берлин, закажани за 20 септември.

Германија, од скоро, не е тоа што беше во политичка смисла. Победата на АФД во Саксонија-Анхалт и преслабите резултати на ЦДУ, СПД и Либералите изгледаат како најава за нови политички турбуленции на изборите за парламентите во Мекленбург и во Берлин кои ќе се одржат на 20ти септември. Коалиционата влада на @_FriedrichMerz во следниот период ќе работи под голем притисок, ќе им се намали бројот на реформи, а ќе им се зголемат меѓукоалициските префрлања за одговорноста. Во јавноста нема експлицитни закани кон гастербајтерите во 🇩🇪, но јавна тајна е дека, за разлика од СПД, Либералите и ЦДУ, партијата АФД кон дојденците не гледа со симпатии. Но, последиците од Саксонија-Анхалт ќе се осетат и надвор од 🇩🇪, преку поголема ригидност кон мигрантите, раст на недовербата кон Брисел и пад на поддршката за проширувањето на ЕУ. Во Црна Гора веќе се води дебата за тоа колку овие политички потреси во Германија ќе го направат по(не)извесен патот на до Европската Унија. Во меѓувреме ќе видиме дали во ЕУ француско-германскиот предлог за интеграција на кандидатите во ЕУ, без полноправно членство, ќе добие доволна подршка за да почне да се спроведува преку @EU_Commission. Нé очекува политички динамично полугодие, а потоа и главниот натпревар, претседателските избори во Франција.

Според него, коалициската влада предводена од Фридрих Мерц во наредниот период ќе работи под зголемен притисок, со помал простор за спроведување реформи и со повеќе меѓусебни обвинувања во коалицијата.

Германија, од вчера, не е тоа што беше во политичка смисла!

Најнови вести од: Свет

Најнови вести

To top