Македонија

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Анализа

Опозициските партии останаа неми при секој апел за консензус со владејачката коалиција, околу договорот за измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ-ОДХР. Не помогна ниту тоа што власта вети дека ќе прифати секаков заеднички предлог од СДСМ, Левица и ДУИ, доколку бидат согласни на дијаспората да ѝ се овозможи гласање во поголем обем. Во апелот се вклучија и претставниците од ЕУ, потсетувајќи дека законот е дел од реформската агенда на владата и директно поврзан со финансиската помош што Унијата ѝ ја доделува на Македонија, но и тоа не помогна.

Професорот Јове Кекеновски, смета дека вината за пропаднатите преговори, во моментите кога македонските политички субјекти можеа и мораа да покажат чувство за конзенсус, паѓа исклучиво врз лидерите на опозициските партии во парламентот.

„Жално е што сега последниот бенчмарк не можеме да го исполниме и очигледно товарот на одговорноста треба да падне на опозициските партии, како на СДСМ, така на Левица и на ДУИ. Мене ми е жал што на донесување на изборен законик, се пристапува од аспект која политичка партија ќе добие или ќе загуби плус минус неколку илјади гласови“, вели Кекеновски.

Камен на сопнување за власта и опозицијата беше гласањето на дијаспората, односно желбата на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери да им се овозможи на привремено иселените граѓани во поголем број да гласаат на изборите.

Кекеновски е дециден дека државата е обврзана на своите државјани да им го олесни гласањето, а правото на избор не завршува на државната граница.

„Една современа деморатска држава мора да ги охрабрува своите граѓани и да им овозможи на своите државјани коишто живеат надвор од државата учество во политичкиот живот, без разлика дали живеат во Скопје, Битола, Дебар, Цирих, Њујорк или Белград. Мора да разберат дека избирачкото право не завршува на државната граница“, додава професорот.

Според Кекеновски, демократскиот развој се мери според тоа колку една држава вложува напор секој нејзин државјанин да може да гласа на изборите.

извор: Алфа тв

Најнови вести од: Македонија

Необичен предизвик за македонските и турските наставници: Од текстилен отпад до меки вештини

Во рамките на четиридневната студиска посета на осумчлена образовна делегација од Република Турција, предводена од İsmail GÜNDAY, директор на Директоратот за средно образование, беше реализирана работна посета на СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје, која ги поврза стручното образование, практичното учење, развојот на меки вештини и одржливоста.

Китановиќ да го повлече ставот за Ратко Младиќ или да си замине од функција

Скандалозна објава со која се велича осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, по смртта на поранешниот командант на Војската на Република Српска, кој почина во Хаг каде издржуваше доживотна затворска казна

Македонија веќе има еден дата-центар (ВИДЕО)

Основната намена на центарот е да овозможи целосно зачувување и заштита на податоците од примарниот информатички систем во случај на природни непогоди (како земјотреси), човечки фактор, вандализам, тероризам или ненадејни падови во електричната мрежа

Димитриеска-Кочоска: Ја зајакнуваме контролата врз јавните пари

За прв пат во Македонија ќе се одржи национален испит за добивање сертификат за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор За прв пат во Македонија ќе се одржи национален испит за добивање сертификат за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор

To top