Македонија

Таткото на грабнатата и убиена Вања се враќа во суд

Ѓорчевски беше обвинет дека им помагал на сторителите со тоа што им давал информации за времето кога неговата ќерка излегувала на училиште

Апелациониот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, и предметот го врати на повторно судење.

Одлуката била донесена на 10 јули, по јавната седница одржана во мај, на која Апелациониот суд ги разгледал жалбите, доказите и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, пренесе Дојче Веле.

Палчо и другарите ќе лежат доживотно, потврди Апелација, предметот на таткото на Вања се враќа во судница

Најголемиот пресврт во одлуката се однесува на Александар Ѓорчевски. Апелација ја укина неговата ослободителна пресуда и наложи предметот повторно да се разгледува пред Основниот кривичен суд.

Ѓорчевски беше обвинет дека им помагал на сторителите со тоа што им давал информации за времето кога неговата ќерка излегувала на училиште. Во текот на целата судска постапка тој ги негираше ваквите обвинувања, а првостепениот суд го ослободи од вина.
Со најновата одлука на Апелација, за него повторно ќе се води судска постапка.

Вања Ѓорчевска исчезна на 27 ноември 2023 година, а Панче Жежовски три дена претходно, на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември 2023 година во близина на Скопје и Велес, случај што ја потресе македонската јавност.

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Македонските граѓани децидно против „Бугари во Устав“ во замена за „преговори со ЕУ“!

„Францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија (влез на Бугари во Устав за почеток на преговори со ЕУ), според истражување на јавното мислење спроведено од три независни агенции, никако не успева да обезбеди поширока општествена поддршка.“ – се нагласува во анализата, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Во пресрет на CES 2027, најновите производи на „Samsung“ препознаени од Асоцијацијата за потрошувачка технологија

Компанијата освои CES® 2027 награди за иновации за своите мобилни уреди, уреди за домашна забава, апарати за домаќинство и полуспроводници.
Galaxy Z Fold8 Ultra и Z Fold8 прогласени за “Најдобра иновација” во категоријата мобилни уреди на CES наградите за иновации

Почина професор д-р Никола Петров, творецот на „Росица“, „Другарче“ и „Наш свет“

Тој се смета за основоположник на македонската предучилишна педагогија, а генерации ученици во Македонија израснаа со списанијата за деца што ги покрена професорот и поранешен декан на Педагошкиот факултет

To top