Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е назначен во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот парламент, соопшти британската влада.
Именувањето е дел од списокот од 26 нови членови одобрени од премиерот во заминување, Кир Стармер, само неколку дена пред тој да му ја предаде премиерската функција на Енди Бернам во понеделник, објави Ројтерс.
Садик Кан ќе ја задржи својата функција како градоначалник на Лондон, што е директно избрана функција бидејќи британскиот закон дозволува двете позиции да се извршуваат истовремено.
Неговото назначување во Домот на лордовите, исто така, ја отвора вратата за новиот премиер,Енди Бернам, да му понудиминистерска функција доколку одлучи да го вклучи во новата влада. Сепак, досега не е објавена таква одлука.
Именувањето значи дека Садик Кан ќе стане доживотен лорд ((life peer) најчестата форма на членство во Домот на лордовите.
Тој ќе го задржи своето место до крајот на својот живот, но титулата не ја наследуваат неговите наследници.