Македонија

Труењето во Гостивар нема да заврши како пожарот во модуларната каде виновен беше кабелот (ВИДЕО)

СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли

Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата.

СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли.

Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат, и на крај кабелот беше виновен.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е задно со Гостиварчани, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ..

Реагираше и пратеникот од оваа партија, Бране Петрушевски кој упати сериозни критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој нема легитимитет да коментира теми поврзани со здравствениот систем.

Петрушевски истакна дека синоним за дејствувањето на Филипче во минатото е целосен хаос во здравствениот сектор.

Според пратеникот, јавноста сè уште се сеќава на трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде што 14 граѓани живи изгореа.

Најнови вести од: Македонија

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top