Македонија

ВРЕДИ: Ќе има одговорност за ситуацијата во Гостивар!

Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар е компромитирано како резултат на небрежност и лошо управување, и ова не смее да остане неодговорено, како што се случило многу пати во минатото

 

Од партијата го поздравува брзиот одговор на властите и покренување постапки за истрага на одговорноста за сериозната ситуација во Гостивар.

Од ВРЕДИ велат дека секој што, со дејствување или недејствие, придонел за овој скандал мора да биде повикан на одговорност.

„Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар е компромитирано како резултат на небрежност и лошо управување, и ова не смее да остане неодговорено, како што се случило многу пати во минатото.
Очекуваме темелна, независна и сеопфатна истрага што целосно ќе го расветли случајот.

Во исто време, ја поздравуваме мобилизацијата на сите надлежни институции на централно ниво да им се помогне на жителите на Гостивар.
Засегнатите граѓани ја добиваат потребната здравствена заштита, додека водата за пиење се обезбедува сè додека проблемот конечно не се реши.“

„Уште еднаш се докажува дека годините лошо управување имаат цена, која граѓаните ја плаќаат денес: Гостивар без вода за пиење, Зајаз без канализација“, велат од Вреди.

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

To top