Бизнис

Цените на нафтата продолжуваат да растат

Главна причина – тензии на Блискиот Исток

Цените на нафтата продолжија да растат на светските берзи, при што цената на суровата нафта Брент достигна 94,664 долари за барел, што претставува зголемување од 3,99 отсто. Во исто време, американската сурова нафта WTI поскапе за 4,13 отсто и се искачи на 87,793 долари за барел.

Зголемените тензии на Блискиот Исток, ограниченото производство на земјите од ОПЕК+ и стравувањата од нарушување на транспортните рути се главните причини за новиот раст на цените на нафтата.

Нафтените пазари внимателно ја следат состојбата во Ормускиот теснец, низ кој пред војната поминуваше околу една петтина од светското снабдување со нафта. Секое подолго ограничување на пловидбата може значително да ги зголеми транспортните трошоци и цените на енергенсите.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top