Македонија

Сиљановска-Давкова на денот на земјотресот: Имаме вечна обврска да не ги заборавиме загинатите сограѓани и да се грижиме за Скопје

Претседателката оддаде почит на жртвите од земјотресот во 1963 година

На 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес, точно во 5 часот и 17 минути, главниот град на Македонија се разбуди со колективна тага и сеќавање на трагичното утро кога голем дел од градот исчезна за миг, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На денешен ден во 1963 година, силниот земјотрес однесе 1.070 животи, повреди повеќе од 2.000 луѓе, а десетици илјади домови беа целосно разурнати. Страшната слика од урнатините и денес, по шест децении, продолжува да предизвикува длабока и нескротлива тага кај скопјани и сите граѓани на Македонија, порача претседателката ГорданаСиљановска-Давкова.

„Денеска, 63 години подоцна, не се разбуди само Скопје, туку и колективното сеќавање на скопјани“, се наведува во објавата по повод годишнината. Тагата е пропратена со благодарност за невидената светска солидарност што ја доби градот во најтешките моменти. Помошта од целиот свет беше клучна за обнова на Скопје.

И покрај огромната трагедија, градот се возроди. Како што се вели во познатата детска песна, „градот убав пак никна и процвета“, објави претседателката.

Жителите на Скопје и сите македонски граѓани денес им оддаваат почит на загинатите и изразуваат благодарност до сите поединци, организации и држави кои помогнаа во справувањето со последиците од катастрофата.

„Ни останува вечната обврска да не ги заборавиме загинатите сограѓани и да се грижиме за нивното и нашето сакано Скопје“, се порачува во денешното сеќавање од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

Мирка Гинова, симболoт на македонскиот идентитет и непокор во Егејска Македонија – 80 години од смртта

На денешен ден, на 26 јули 1946 година е стрелана Мирка Гинова, национален деец и борец за македонската кауза и слобода во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. „Мирка Гинова била многу активна во организирањето на отпорот против особено жестокиот терор врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија, спроведуван од грчката десница и грчките државни органи. Секојдневно го организирала македонскиот народ. Со својата активност станала позната во цела Егејска Македонија, но и за грчката полиција, која поради тоа настојувала да ja убие.“ – пишуваат универзитетските професори-историчари д-р Лилјана Пановска и д-р Тодор Чепреганов во своја научна статија. Гинова е првата жена и Македонка, стрелана во Грција од политички причини. Посмртно е прогласена како народен херој од Македонија.

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата остварува резултати – во рекорден рок решен проблемот во Гостивар

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да остварува резултати. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

To top