Македонија

Каква “илинденска” порака испраќа Африм Гаши

Поважно му било да присуствува на Конференција за борба против дискриминација кон исламот во – Египет

facebook.com/AfrimGashiAlternAtivA

Бројни реации на социјалните мрежи по информацијата дека шретседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, и годинава, по втор пат, нема да присуствува на чествувањето на „Илинден“ во Крушево.

Наместо на Мечкин Камен, Африм Гаши, патува во Египет (ВИДЕО)

Објаснувањето на шефот на парламентот е дека веќе имал закажао присуств на Конференција за борба против дискриминација кон исламот.

По втор пат, Гаши отуствува од настанот:

Минатата година, на негово место на одбележување на Илинденското востание на Мечкин Камен во Крушево, беше потпретседателката на Собранието Весна Бендевка.

Како што се дознава, годинава наместо Гаши, во Крушево ќе се обрати актуелниот  потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски.

„Ако првиот човек на законодавниот дом не покажува почит кон државните празници и историските симболи, каква порака им испраќа на граѓаните? Почитувањето на Републиката не се докажува со декларативни честитки, туку со физичко присуство таму каде што се граделе државните темели“, наведува Катерина Цаневска, член на советот на Град Скопје, во една од објавите на социјалните мрежи. 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ се на нивна штета

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните

Мицкоски: Пријавете, ако ви побараат мито!

На прашањето дали има корупција во вашата институција или во државата, 80 проценти велат „да, има“. На второто прашање дали вие сте биле предмет на корупција или познавате некој на општинско ниво, под 5 проценти од испитаниците, а на централно ниво под 3 проценти

To top