Бизнис

Народна банка ја задржа каматна стапка на 4,25%

Од Народната банка посочуваат дека девизниот пазар останува стабилен, а девизните резерви се на сигурно ниво и се доволни за одржување на стабилноста на курсот на денарот.

Народната банка одлучи да ја задржи основната каматна стапка на ниво од 4,25 отсто, по редовната седница на Извршниот одбор одржана на 28 јули. Одлуката следува по јунското зголемување на каматата и се темели на најновите економски показатели, како и на проценките за ризиците во домашното и меѓународното окружување.

Од Народната банка посочуваат дека девизниот пазар останува стабилен, а девизните резерви се на сигурно ниво и се доволни за одржување на стабилноста на курсот на денарот.

Годишната инфлација во јуни забавила на 3,4 отсто, што е пониско од очекувањата. Сепак, централната банка оценува дека е потребно повеќе време за да се потврди дека овој тренд е одржлив, особено поради високата неизвесност поврзана со геополитичките случувања, конфликтите на Блискиот Исток и во Украина, како и нивното влијание врз цените на енергенсите и синџирите на снабдување.

Во соопштението се наведува дека домашната економија и натаму покажува отпорност. Во првиот квартал од годинава бруто-домашниот производ пораснал за 3,1 отсто, а достапните показатели упатуваат на можност за дополнително забрзување на економската активност во вториот квартал.

Народната банка истакнува дека ќе продолжи внимателно да ги следи економските и финансиските движења во земјата и во странство и, доколку биде потребно, ќе ги искористи сите расположливи инструменти за зачувување на ценовната и финансиската стабилност.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

To top