Македонија

Мицевски: Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните

Никола Мицевски, член на Извршниот комитет и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција изнесе обвинувања дека во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, а СДС била на власт, имало случаи на неисправна вода за пиење кои, како што тврди, биле сокриени од граѓаните.

Мицевски изјави дека, според податоците со кои располага партијата, речиси 400 испитувања на водата во периодот на министерувањето на Филипче покажале отстапувања од правилниците за безбедност и квалитет на водата. „Со Филипче како министер водата била неисправна и тоа се криело од граѓаните“, изјави Мицевски.

Тој обвини дека тогашната власт, наместо да ги информира граѓаните и да преземе мерки, ги прикривала информациите за да не изгуби политички поени. Како примери, Мицевски ги посочи испитувањата на водата во Водостопанство Лисиче во Велес од 19 мај 2021 година, локалниот водовод во село Нивичани, Кочани, од 22 јуни 2021 година, како и случајот со водата во Пештани, Охрид, од јули 2021 година, за која, според него, бил изготвен записник и донесено решение за забрана.

Тој го спомена и случајот со водата во чешма во училиштето „Страшо Пинџур“ во село Уларци, Чешиново, како и водата во Здравствениот дом во Делчево во јануари 2022 година. „За ниту еден од овие, но и многу други случаи, јавноста не е информирана. Граѓаните мора да знаат што се случувало и кој дозволил вакви пропусти“, рече Мицевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека за случајот е известено Министерството за внатрешни работи и дека очекуваат документацијата да биде доставена до Јавното обвинителство. „Очекуваме ЈО веднаш и без одлагање да постапи по овој случај и да има одговорност по истиот“, изјави Мицевски.

Обвинувањата се изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и се однесуваат на периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство. Од засегнатите институции и Филипче се очекува реакција и одговор на изнесените тврдења.

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

To top