Македонија

Кандидатот на ВРЕДИ му честиташе влез во вториот круг на ривалот од ДУИ (ВИДЕО)

Јакуп Хусеини, синоќа во штабот на кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“(НАИ) предводена од ДУИ, лично му честитаче на Аркин Јахиј кој оди во втор круг

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВРЕДИ, Јакуп Хусеини, отиде синоќа во штабот на кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“(НАИ) предводена од ДУИ, Аркин Јахиј за лично да му  да му го честита влезот во вториот круг од предвремените локални избори.

Од средбата беа споделени фотографии и видеа на кои се гледа како двајцата ривли се прегрнуваат во присуство на повеќе партиски поддржувачи кои ги поздравуваат со аплаузи и извици „браво“…

„За трпението, храброста, трудот од двата табора и верувам дека само вака може да одиме напред“, изјави Јахиј. 

Според Државната изборна комисија, и по 100% обработени избирачки места, на предвремените локални избори за градоначалник на општина Брвеница води кандидатот Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ кој има 2 943 гласа.

Втор е кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, Аркин Јахиј со 2 152 гласа,

На трето место се пласираше Јакуп Хусеини од Влен со 1 528 освоени гласа.

Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ е четврт со 706, а независните кандидати одвоија незначителен број гласови: Душан Богдановски – 55 и Арифе Идризи со 21 глас.

Изборите се одржуваат откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на Општината, Јовица Илиевски.

Најнови вести од: Македонија

„Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина…“

Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

To top