Македонија

Легендарниот македонски воен репортер замина во пензија

Известувал од повеќе воени боиштата во регионот и светот а важи за одличен познавач на НАТО алијансата и ЕУ

Драги мои пријатели и колеги, човек не може да биде посреќен во вакви моменти на вашето почитување и професионално и лично другарување. До сите, од се срце најдлабока благодарност, го разубавивте денот.

Ова е пораката упатена од Зоран Богатинов по последната редакциска работна средба со колегите во Македонската радиотелевизија.

Зоран Богатинов е истакнат македонски новинар, уредник и воен репортер со долгогодишна кариера во медиумскиот простор, најпрепознатлив по својот ангажман во националниот јавен сервис Македонската Радиотелевизија.

Има богато професионално искуство како воен известувач од конфликтите од поранешна Југославија.
Богатинов е специјализиран за надворешна политика, глобални геополитички случувања, безбедносни прашања и анализи за глобалните конфликти.

Како колумнист објавува авторски текстови и политички колумни за македонски медиуми каде што ги анализира евроинтеграциите и стратешките позиции на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

Назначувањето на Санџак Курт е природно продолжување на развојниот пат на Лимак Скопје и ја потврдува определбата на компанијата за континуитет во управувањето, натамошен развој на инвестициите и градење долгорочни партнерства засновани на доверба, професионалност и заеднички успех.

Деветгодишно дете на електричен тротинет тешко повредено во судир со автомобил во скопски Сарај

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје–Тетово се судриле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.С. од селото Арнакија, и електричен тротинет управуван од деветгодишно дете од истото село.

Одлука на Владата на РМ да се вработат 300 нови специјализанти, за да се надомести недостигот на специјалистички кадар во јавното здравство!

Владата на Република Македонија донесе одлука до крајот на 2026 година да се вработат 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи.

Тетовец реагира за сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово: Градот е заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички!

Тетовецот Бошко Видоески преку објава на општествените мрежи реагираше на, како што наведува, сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово за време на летниот период. Тој оценува дека градот е „заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички“, обвинувајќи дека дел од возачите непрописно паркираат, создаваат бучава, турираат, се тркаат и го нарушуваат мирот на граѓаните.

Мисајловски: Продолжува осовременувањето на Армијата со нова опрема, униформи и вооружување

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека Армијата во наредниот период ќе добие значително нова опрема и вооружување, оценувајќи дека процесот на модернизација ќе овозможи нејзино зајакнување на, како што рече, највисоко ниво во историјата.

Мицкоски: Го повикувам Обвинителството да провери 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 во Гостивар, кога не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, од Делчево, го повика Обвинителството да почне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар и за непреземањето ништо од тогашната власт за заштита на здравјето на гостиварци – токму во период кога министер зза здравство бил сегашниот лидер на СДСМ Венко Филипче.

Најнови вести

To top